Родителите на убиениот Американец на Закинтос нервозни, клучниот сведок не сака да сведочи: "Тешко е да седиш со Србите поради кои го погребавме синот со очила за сонце"

Точка

22/09/2018

16:22

8.310

Големина на фонт

а а а

Тие изразиле загриженост дека обвинетите ќе бидат пуштени на слобода откако ќе истечат 18 месеци притвор.

Судењето за убиството на 22-годишниот Бакари Хендерсон од Америка, кој бил претепан до смрт минатата година на Закинтос, почнало во петокот на 21. септември. Родителите на починатиот турист отпатувале во Грција на судењето на деветмината мажи, во главно српски државјани. 

Туристот Бакари Хендерсон бил претепан до смрт на 7. јули 2017. година, во бар во местото Лаганас на популарниот грчки остров. Неговите родители Фил и Џил се надеваат дека клучните сведоци на оваа трагедија ќе сведочат што порано.

"Правда за мене и моето семејство ќе биде ако тие луѓе добијат максимални казни", рекол Фил Хендерсон.

Меѓутоа, медиумите пренесуваат дека еден од тројцата сведоци на инцидентот, еден од пријателите на Хендерсон кој бил со него на островот, веројатно нема да сведочи на суд.

"Разговаравме со неговото семејство и знаеме дека му било тешко", рекол таткото на детето.

Џил верува дека тој се плаши.

"Веројатно стравува поради тоа што го видел што се случило со Бакари, и што знае мора да сведочи против истите лица ", додала таа.

Другите двајца дошле во Грција на судењето, но наскоро ќе мора да се вратат во својата земја.

Родителите на настраданото момче рекле дека "неговото лице било потечено и модро".

"Беше толку потечен и во модринки што моравме да му ставиме очила за сонце кога го погребавме", се потсетила Џил.

Таа го прокоментирала и извештајот на судот, во кој сведок тврдел дека "Бакари вербално ги провоцирал напаѓачите".

"Во мојата глава зборовите не убиваат луѓе, така што тоа не е оправдување да убиете некого", додала таа.

Фил и Џил заклучиле дека ќе биде многу тешко да седат во судница со луѓето кои го убиле нивниот син.

"Тоа ќе биде многу тешко", рекол Фил.

Двајца од деветмината обвинети за убиство се вратиле во Србија и нема да учествуваат во постапката, пренесуваат медиумите. Останатите осомничени се наоѓаат во притвор во Грција.

Родителите на Бакари во Грција се состанале со својот адвокат Андреас Патсис, кој ги предупредил да бидат подготвени на се.

Патсис им рекол дека одбраната веројатно ќе се обиде да го претстави нивниот син како агресивен и како личноста што го започнала инцидентот.

"Загрижени сме како се ќе се одвива, но веруваме во грчкото правосудство. Не можете да го вратите времето, но за нас е важно правдата да биде постигната", рекле Џил и Фил.

Од деветмината обвинети, шестмина може да бидат осудени на доживотна казна затвор.

Постои снимка од безбедносните камери на која се гледа бруталниот инцидент, а родителите на жртвата и нивниот адвокат веруваат дека имаат силен случај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг