Шокиран гостин ги објавил лудите правила на венчавката: Поклонот не смее да биде поевтин од 75 долари, а тоа не е најлошото! Ова никако не смеете да ѝ го направите на невестата!

Точка

21/09/2018

21:37

9.692

Големина на фонт

а а а

Секој сака венчавката да му помине беспрекорно и тој ден да го памети како најубавиот ден во животот. Невестите се особено чувствителни на тој ден, па некогаш претеруваат со деталите.

Една невеста така ја направила листата за гостите со инструкции за облеката и однесувањето на церемонијата. Шокиран гостин го објавил на интернет бизарниот список.

Подолгиот список со "правила и регулации" почнува со молба да се дојде од 15-30 минути порано. На гостите им е строго забрането да носат бела, беж и боја на слонова коска. Жените не смеат да имаат многу впечатлива шминка, а од фризури, дозволени им се само коњски реп и обична боб фризура.


Важно правило е тоа дека не смее да се снима на венчавката, ниту да се објавува на социјалните мрежи, додека не им се одобри. А тогаш кога конечно ќе добијат "зелено светло", гостите мораат да објавуваат според одреден таг. Најважно од сѐ (тоа е потенцирано со големи букви) дека никој не смее да разговара со невестата. Освен што сите ќе мора да наздравуваат со еден вид коњак (без исклучок), поклонот за младенците не смее да биде поевтин од 75 долари.

Објавата предизвикала голем интерес кај корисниците на социјалните мрежи, а сите воглавно се шегувале на небулозните барања.

"Најпаметно е да го потврдите доаѓањето, а потоа да не се појавите. Невестата би била толку нервозна, што веројатно ќе ви испрати сметка", напишал некој, а имало и шеги од типот: "Би платил 75 долари само за да дојдам и да гледам драма".



Спонзорирани линкови

Маркетинг