Негувателка во градинка во Њујорк избола три бебиња

Макфакс

21/09/2018

20:49

2.260

Големина на фонт

а а а

Три бебиња и две возрасни лица се избодени со нож во приватна градинка во Њујорк, соопшти полицијата и додаде дека повредените се префрлени во болница.

Властите ја уапсија негувателката, која се сомничи за нападот во градинката, каде што во моментот престојувале девет бебиња. 

Жената била пронајдена во подрум во зградата додека се обидувала да изврши самоубиство. 

Полицијата истражува дали градинката е регистрирана или жената ги чувала децата во својот стан илегално. Покрај бебињата, со нож избодени се две возрасни лица, татко на едно од бебињата и уште една жена што помагала при чувањето на децата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг