Атмосферата е ненормална, немаме повеќе концентрација, вели адвокатот на обвинетиот Мунир Пепиќ

Макфакс

21/09/2018

20:09

4.592

Големина на фонт

а а а

Пред продолжението за судењето за настаните од 27 април, додека екипа на итната медицинска помош го прегледуваше Мунир Пепиќ, во изјава за медиумите, неговиот адвокат, Еленко Миланов, рече дека сакал да го праша поранешниот заменик-министер во МВР, Агим Нухиу дали има овластувања да даде директна наредба на сите полициски единици.

Прашањето до Нухиу, како што рече Миланов, е дали тој во МВР издал таква наредба, зашто такви овластувања му даваат законите.

Миланов се пожали на целодневното судење. 

„Атмосферата е ненормална. Продолжуваме со третиот сведок, а има уште тројца. Ова е нечуена работа. Немаме повеќе концентрација. Ова ќе биде трето судење кое ќе заврши по 22 часот, а може и да го почекаме наредниот ден“, рече Миланов. 

Адвокатот рече дека се обратиле до Адвокатската комора, народниот правобранител и други институции за ваквата динамика на судења. 

По заминувањето на итната помош, судијката на присутните им рече дека обвинетиот Мунир Пепиќ, имал притисок 130 со 90.



Спонзорирани линкови

Маркетинг