Ова е шегата на шкотскиот комичар која е заслужна за повеќе од 4300 прекини на врски

Точка

21/09/2018

19:59

4.804

Големина на фонт

а а а

"Се што ве прашувам е: Дали некогаш сте биле во врска во која сте се чувствувале заробено и не сте можеле да излезете, па затоа поедноставно ви било да останете во неа?".

Ова е прашање кое попрво би го очекувале од психолог отколку од комичар, зарем не? Но, станува збор за вообичаената рутина на шкотскиот комичар Даниел Слос кој во последно време има многу турнеи низ светот. 

Во својот последен специјал за "Netflix" наречен "Jigsaw", Слос помеѓу останатото ги исмева и збунувачките образци во врската.

"Се што ве прашувам е: Дали случајно некогаш сте размислувале колку би ви бил полесен животот доколку тие едноставно починат?", прашува комичарот. "И тоа не само затоа што сакате тие да починат туку затоа што умирањето за вас е најлесниот излез од таа врска".

Звучи поприлично невино, но оваа шега им ги променила животите на илјадници луѓе. Како што тврди комичарот, неговата шега е виновна за повеќе од 4000 прекини на врски, 17 раскинати свршувачки и 9 брачни разводи.

Дел од фановите кои му пишувале за своите прекини, Слос ги објавил на Твитер.

"Сакам само да ти дадам до знаење дека прекинав со девојката поради се што кажа во "Jigsaw", му напишал еден обожавател на Даниел.

Коментирајќи ги бројните пораки кои ги добивал, комичарот се пошегувал дека ќе престане да ги брои бидејќи тоа му одзема премногу време.

"Направив голема штета. Да бидам искрен, среќен сум што гледам како светот гори во овој момент", напишал Слос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг