Кацарска повика итна медицинска помош за Мунир Пепиќ

Макфакс

21/09/2018

19:36

3.582

Големина на фонт

а а а

Судијката Добрила Кацарска нареди да дојде итна медицинска помош за обвинетиот Мунир Пепиќ, откако неговиот адвокат, Еленко Миланов, се пожали дека неговиот клиент не се чувствува добро.

Судијката рече дека медицинскиот преглед на Пепиќ, на минатото рочиште, покажал дека е во добра состојба, освен што има покачен притисок. 

„Се’ ви е добро. И срцето ви е добро”, му рече Кацарска на обвинетиот. 

Неговиот адвокат рече дека Пепиќ уште вчера не се чуватвувал добро, на што судијката одговори дека требало да побара преглед кај интернист. 

Во судот во тек е продолжението од судењето за настаните од 27 април. До крајот на денешното рочиште треба да сведочат уште тројца сведоци, меѓу кои и Сашо Тасевски, директорот на БЈБ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг