Под покривката на мистеријата: Сте слушнале за египетските пирамиди, но овие се вистинска енигма

Точка

21/09/2018

14:23

4.704

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за пирамидите, повеќето веројатно прво помислуваат на оние во Египет. Мал број од нив слушнале за пирамидите во Кина, па дури и Кинезите. Мистериозните градби се забранети за пристап, а самите кинески власти дури и го негираат нивното постоење. Сепак, има многу докази дека тие постојат.

Ни денес не се знае нивното точно потекло и цел. Властите на најбројната светска земја тврдат дека самото постоење на пирамидите е измислица. 

Пред четири години, сателитски снимки покажале дека во провинцијата Шан-шји во централна Кина, во таканаречена "забранета зона", навистина постојат пирамиди, и тоа многу од нив.

Првата фотографија од пирамидите во планината Чин Линг ја снимил полковникот Морис Шихан, директор на "Транс Ерлајнс" за Далечниот исток. Неговата приказна била објавена на 28. март 1947. година во "New York Times", а фотографијата која ја направил била објавена на 30. март 1947. година во "New York Sunday Times".

Пирамидата од фотографијата на Шихан била наречена според местото на кое се наоѓа Мавзолејот Маолинг. На почетокот Шихан тврдел дека пирамидата е висока околу 300 метри, но во 1961. година ја исправил својата проценка и рекол дека пирамидата е висока околу 150 метри. Проценките од 2004. година велат дека е висока околу 45 метри.

И пред Шихан, бројни американски пилоти исто така тврделе дека во текот на прелетот на тој дел на Кина виделе пирамиди, но приказната брзо била прикриена.

Само еден странец имал можност на терен да ги види мистериозните кинески пирамиди. Станува збор за германскиот писател Хартвиг Хаусдорф, кој педесет години откако била објавена првата фотографија од пирамидата, добил можност да ја види. До денес, останал единствен странец кој чекорел "во забранетата зона".

Иако имал можност да види само шест пирамиди, по враќањето од Кина објавил 18-минутно видео кое скришно го снимил, а на крајот може да се пребројат повеќе од 100 пирамиди. Исто така, ја објавил и книгата "Бела пирамида" во 1994. година, која привлекла големо внимание.

Белата пирамида е посебно интересна. Се верува дека е висока неверојатни 350 метри, дури два пати повисока од славната Кеопсова пирамида во Египет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг