Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозок и скршеници, МВР не знае кои се напаѓачите

Макфакс

21/09/2018

10:44

6.150

Големина на фонт

а а а

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром се здобило со скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава бидејќи било удирано со пиштол, а последица на тоа бил и потрес на мозок, тврдат извори за „Макфакс“ кои додаваат дека 27- годишното момче од Драчево било намерно чекано на локацијата и нападот бил со умисла. Неговата девојка, која на видеото се слуша како бара помош, била удрена со бокс.

МВР утринава објави соопштение за тепачката, но нема информации за тоа кои се и колку лица учествувале во инцидентот, но и дали се пронајдени напаѓачите кои вчера избегаа откако го претепаа 27-годишното момче од Драчево.

„Нападот бил пред угостителски објект на улица Методија Шаторов Шарло, каде повеќе лица, од кои тројца пријавителот ги познал, физички ги нападнале В.Г.(27) и М.З.(21), и двајцата од Скопје. В.Г. во еден момент изгубил свест. Потоа, заедно со М.З. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје“, се единствените информации во билтенот на МВР.

Од таму молчат дали напаѓачите се пронајдени и кратко одговорија „Настанот е објавен на веб-сајтот на МВР“. Блиски извори до претепаното момче велат дека пет лица учествувале во крвавата тепачка, од кои тројца тој ги познавал. Истите извори тврдат дека напаѓачите се поврзани со група дилери и лихвари.

Крвавата тепачка се случи вчера околу 22 часот во скопската населба Аеродром кај „Тобако 2“. Од видеото се гледа дека како четири лицаа бегаат од местото со автомобили. Очевидци велат дека слушнале викање и женски глас како бара помош.



Спонзорирани линкови

Маркетинг