Љуљ: НБА? Не! Би сакал да останам во Реал

Дерби

20/09/2018

10:53

846

Големина на фонт

а а а

Мадридски Реал започна со последните подготовки пред стартот на новата сезона во домашната АЦБ лига и најсилното континентално натпреварување Евролигата, каде ќе пробаат да ги одбранат трофеите освоени пред неколку месеци.

Еден од оние, кои покрај капитенот Рејес најдолго се задржа во Мадрид е и 30-годишниот Серхио Љуљ, кој дресот го носи од далечната 2007. Иако многу тимови од НБА го посакуваа во изминатите години да стане нивни член и да истрча на паркетот во најсилното кошаркарско натпреварување, Љуљ остана верен на Реал, а во последното интервју за „Радио Марка“ изјави дека би сакал да ја заврши својата кариера токму тука.

– Би сакал да се пензионирам во Мадрид. Имам долг договор со клубот и моментално сум фокусиран на претстојната сезона. НБА? Би било тешко да одбијам таква понуда, бидејќи тоа е вистински предизвик. Меѓутоа, повеќепати сум истакнал дека сум среќен во Реал, сакам да останам тука ид победувам, - изјави Љуљ за „Радио Марка“.

Исто така, мадриѓани оваа сезона нема да можат да сметаат и на најдобриот поединец лани, словенечкиот талент Лука Дончиќ, кој се пресели во НБА лигата. И Љуљ имаше само пофални зборови за младиот Словенец, истакнувајќи дека тој е уникат.

– Ниеден играч не може да го замени Лука, бидејќи е уникатен. Тој е еден од оние кошаркари кои се појавуваат еднаш на 20-30 години. Сите мораме да се подобриме за да не се почувствува неговото искуство, - заврши Љуљ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг