Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, му рече на младиот Французин дека сексот е „голем дар од Бога”, а не табу, и дека треба да се практикува како животна, страсна љубов меѓу маж и жена.
Папата побара од група млади католици од епархијата Гренобл да ја заштитат својата сексуалност од порнографија и други искушенија кои го одвојуваат сексот од љубовта.
Тој призна дека луѓето „паѓаат” и прават грев, но дека тоа е „објектифицирана сексуалност, која нема никаква врска со љубовта”.
Според него, „сексот е дар од Бог, а не табу” и има два цели: покажување љубов и создавање живот.
Црквеното учење го забранува сексот пред бракот и дозволува полов однос само меѓу жена и маж.
Црквата, исто така, се противи на вештачка контрацепција.