Кошаркарот на Минесота тимбервулвс, Џими Батлер, побарал да биде разменет во друг тим, јави познатиот НБА-инсајдер, Шемс Чаранија. Според овој новинар, Батлер на клубот му доставил список од три тима каде би сакал да ја продолжи кариерата.
Кошаркарот имал средба и со тренерот Том Тибодо, на кого исто така му кажал дека сака трејд, а наводно посакуваните локации му биле ЛА клиперс, Њујорк никс или Бруклин нетс.
Батлер има договор уште оваа сезона, така што не е сигурно кој од овие тимови би сакал да го ангажира.
Изминатите денови медиумите пишуваа дека Батлер има големи несогласувања со младата ѕвезда на Минесота, Карл-Ентони Таунс, поради што решил да побара трејд.