Србија и Турција ќе соработуваат во борбата против криминалот и тероризмот

Макфакс

20/09/2018

09:55

1.304

Големина на фонт

а а а

Министетрите за внатрешни работи на Србија и Турција, Небојша Стефановиќ и Сулејман Сојлу во Белград потпишаа писмо за намери во областа на безбедноста, кое што ќе придонесе за брза и интензивна размена на податоци.

На средбата е договорена засилена соработка на двете министерства во борба против тероризмот, организираниот криминал и криумчарењето

,,Целта е нашите две министерства да ја интензивираат соработката и со заеднички сили да го затвориме патот на сите криминални активности”, изјави Сојлу.

..Ако сакаме да бидеме побрзи од криминалците, потребна ни е блиска и интензивна соработка меѓу двете земји. Важно ни е секој криминалец, секој кој ја загрозува безбедноста на Србија и Турција да знае дека нема да најде засолниште во која било од овие две држави”, порача Стефановиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг