Путин повторно се фали: Нашето оружје нема конкуренција!

Точка

20/09/2018

11:56

2.774

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш се пофали дека руската армија располага со оружје кое што нема конкуренција во светот.

Најновите примероци на вооружување кои ќе бидат предадени за користење на руската армија после реализацијата на државната програма, ќе бидат далеку понапредни од оружјата на ривалите, а уште денес треба да се мисли и за создавање на нови оружја, тврди Владимир Путин.

Рускиот претседател прецизираше дека станува збор за ракетниот комплекс „Сармат“, ловецот од петта генерација „Су-57“, тенкот на платформата „Армата“, ракетните системи „С-500“, како и на подморниците од проектот „677“.

„Важно, клучно прашање за нас е утврдувањето на новата унапредена државна програма за вооружување. Со реализацијата на актуелната програма која што е планирана до 2027-ма година, пристапивме веќе оваа година“, изјави Владимир Путин и додаде:

„Во програмата се пресметани современите тенденции на развој на вооружувањето и военеата техника во светот, како и искуството од борбената употреба на руското оружје во Сириската Арапска Република“, изјави Владимир Путин на заседавањето на воено-индустриската комисија.


Не пропуштајте: Фијаско на фамозното “несопирливо” оружје на Путин: За време на тестирањата исчезнала стелт нуклеарната ракета

Путин нагласи дека важно е уште сега да се планира изработката на унапредените примероци на оружјето на иднината, план кој долгорочно ќе се утврди кај Вооружените сили на Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг