Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Макфакс

19/09/2018

20:05

6.611

Големина на фонт

а а а

Жителите од зграда на улицата ,,Кузман Јосифовски Питу” број 15 во скопската населба Аеродром, кај Мезе барот се евакуирани по пријава дека во влезот почувствувале силна миризба и печење на очите.

Полицијата, Противпожарна екипа и Брза помош се повикани на терен. Се проверува влезот на зградата, каде неофицијално била фрлена некоја материја или пиротехничко средство.

Полицијата реагирала по пријава на станарите, откако се пожалиле на непријатната миризба која се ширела во влезот на зградата, која се наоѓа во близина на трговскиот центар Скопјанка. 

Станарите велат дека не знаат што се случува, им било кажано само да ја напуштат зградата. 

,,Сите помошни простории се искршени”, велат жителите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг