Тоа го може само латино дивата: 3,5 милиони лајкови за една фотографија!

Точка

19/09/2018

18:33

4.666

Големина на фонт

а а а

Таа е планетарна ѕвезда, која се докажа во музичките, но и во актерските води. Таа е жена за која нема секојдневни скандали, има совршено тело и со 49 години, таа е Џенифер Лопез.

Иако целиот свет знае дека Џеј Ло тренира за да ја одржи својата форма и прави сѐ за да заврши што ѝ е предвидено во пребукираниот распоред, таа сепак успева со само една своја објава да "размрда" милиони луѓе кои ја следат и сакаат.

Во костим за капење во боја на праска, Џенифер ги покажала своите совршени облини и за само еден ден собрала 3.500.000 лајкови и бројни позитивни коментари. 

Во што е тајната? Изгледа дека таа се крие во нејзиниот став, поглед и совршените облини, кои целиот свет ги сака. А можеби за сѐ е сепак виновна праската или можеби кајсијата?

"Сѐ е толку прекрасно", рекла Џеј Ло и воодушевила милиони. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг