Во Пекинг почнува кампања против сексуалното вознемирување

Макфакс

19/09/2018

18:19

929

Големина на фонт

а а а

Во метрото на Пекинг почна кампања за борба против сексуално вознемирување како резултат на сè поголемиот број пријавени случаи на ваков тип насилство во градскиот јавен транспортен систем.

Кампањата е спонзорирана од државната Федерација на жените од Пекинг и се состои од слики на кои со црвен текст пишува „Не молчете“ и „Не бидете рамнодушни гледачи.“ 

Сексуалното вознемирување е огромен проблем во Кина. Според едно истражување спроведено во август минатата година, 53,5 отсто од жените рекле дека тие самите или некоја жена што ја познаваат била жртва на сексуално вознемирување во подземната железница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг