Гасли свесен дека не биле доволно брзи за поени

КРУГ.МК

19/09/2018

17:31

1.002

Големина на фонт

а а а

Пјер Гасли призна дека Торо Росо Хонда немале добар ритам минатиот викенд во Сингапур за да добијат шанса д предизвикаат за поени на викенд кој французинот ја почна трката од 13то месо.

Тој беше еден од двајцата возачи надвор од најбрзите 10 на квалификациите кој се реши да почне на најмекиот хиперсофт, а другиот беше неговиот тимски колега Брендон Хартли.

Штом променија гуми рано на трката, се најдоа позади бавниот Сергеј Сироткин кој беше тежок за минување по што поените остнаа само желба. Ја заврши трката на 14то место, но по казната на Роман Гросжан за игнорирање на сините знамиња официјалниот пласман му е 13то место.

„Имав чудна трка, имав добар старт, напрдував три позиции и на крајот од првиот круг бев на 12то место.

Се коцкавме со изборот на гуми и почнавме на хиперсофт компонентата, но на крајот испадна дека тоа е многу потешко одошто претпоставувавме и се мачевме да ни истраат до крајот на серијата.

По првото менување беше лошо зад Сироткин и Гросжан и сите сини знамиња по што загубив многу време. Се обидов дадам се од себе во болидот, но навистина немав ритам да се борам за поени“, заврши Гасли.



Спонзорирани линкови

Маркетинг