Ферари ќе продолжи да го користи чудното ладење

КРУГ.МК

19/09/2018

15:27

1.705

Големина на фонт

а а а

ФИА му одобри на Ферари да продолжи да го користи контроверзниот вентилатор кој италијанците го ставаат во отворот над главата на возачот, а со тоа ја покриваат и камерата.

Во Сингапур овој контроверзен изум беше за прв пат виден во гаражата на Ферари откако Скудерија користеше ќеса со мраз за време на Италијанското Гранд При за иста намена, но ФИА ги опомена да престанат со тоа.

Веројатно Ферари се решени да продолжат да ја блокираат камерата од снимање за да ривалите не добијат шанса да ѕирнат во кокпитот и да го видат управувачот на нивниот овогодишен болид.

Германски Bild пренесува дека ФИА смета оти користење на изумот на Ферари е легално и екипата може да продолжи со истото.

„Го анализиравме и заклучивме дека погледот не е блокиран. Ќе беше проблем само доколку погледот е блокиран“, изјави Чарли Вајтинг.

Сепак, видното поле на камерата е по малку блокирано, веројатно колку да се сокрие тоа што се сака да се сокрие.

„Ќе го разгледаме уште еднаш, но тоа за сега не ни е приоритет“, дополни Вајтинг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг