Руска манекенка ја шокираше јавноста: Путин се обиде да ме убие на бизарен начин!

Точка

19/09/2018

16:29

5.490

Големина на фонт

а а а

Руската манекенка Ана Шапиро тврди дека Кремљ сака нејзина ликвидација и рускиот претседател Владимир Путин лично наредил нејзино убиство во Солсбери.

30-годишната Ана и нејзиниот 42-годишен сопруг Алекс Кинг, вечерале во ресторанот „Прецо“ минатата седмица во Солсбери кога им се слошило. Таа открива дека својот сопруг го пронашла на подот на машкиот тоалет со пена во устата. Алекс се бори за својот живот, а разузнавачките кругови во Велика Британија сметаат дека можеби на парот им бил подметнат стрихинин.

Овој инцидент по втор пат предизвика „опсадна состојба“ во Солсбери во последните неколку месеци. Манекенката верува дека зад овој напад стои Путин, баш како и во случајот на труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март.

View this post on Instagram

A post shared by Anna Webb ♡ (@missannawebb) on

„Кога стигнавме во ресторанот, јас нарачав пица, а Алекс морски плодови, зеленчук и компир. Испивме и две чаши бело вино“, раскажува таа.

Кога го завршиле оброкот, Алекс заминал во тоалетот затоа што не се чувствувал добро, а откако не се вратил во следните 15 минути, Ана влегла во тоалетот и го нашла на подот со пена во устата. Набрзо и на Ана ѝ се слошило, по што биле пренесени во болница, заедно и со келнерот од ресторанот.

„Не сум го видела Алекс повторно, тој е во вештачка кома. Келнерот и јас моравме да се соблечеме до гола кожа и да се истушираме пред тестирањата“, открива таа, додавајќи дека докторите носеле заштитни одела.

View this post on Instagram

New shot by @jdanwar

A post shared by Anna Webb ♡ (@missannawebb) on

Ана била пуштена од болница во понеделникот и сместена е во локален хотел каде што 24 часа ја чуваат полицајци.

„Јас имав среќа, но докторите не се сигурни за Алекс. Вратена му е свеста, што е добро, но и натаму ги чекаме резултатите од тестовите. Бев исплашена и сакав да го напуштам Лондон затоа што не се чувствував безбедно, а сега се случи ова“, раскажува таа за британските медиуми.

Ана е родена во Русија, но добила израелско државјанство во 2006-та година против волјата на своето семејство. Две години подоцна се преселила во Лондон каде што го запознала Алекс, а минатиот месец се венчале. Манекенката смета дека руската разузнавачка служба мисли дека таа е шпион.

„Јавно се откажувам од Путин, мојата земја и моето семејство. Јас сум поранешен руски субјект. Мојот татко беше генерал во руската војска и свиреше во воениот оркестар“, открива таа.

Со оваа изјава таа го разлутила своето семејство и открива дека добила неколку смртни закани од некој кој што тврди дека е нејзиниот татко. Од локалната полиција потврдија дека истрагата за наводното труење на парот е во тек, со цел да се открие дали Ана и нејзиниот сопруг биле во контакт со нервниот агенс „Новичок“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг