Џордан тука ги направил првите кошаркарски чекори, а ураганот опустошил сè: Легендата донирала 2 милиони долари за загрозените

Точка

19/09/2018

15:57

3.632

Големина на фонт

а а а

Некогашната НБА ѕвезда Мајкл Џорџан, подарил 2 милиони долари за помош на загрозените во Северна Каролина по ударот на ураганот Флоренс.

Џордан пораснал играјќи кошарка во средно училиште во Вилмингтон, град кој ураганот Флоренс го опустошил. 

Поранешниот кошаркар и сопственик на клубот Шарлот Хорнетс, решил што побрзо да помогне кога го видел пустошот кој зад себе го оставил ураганот, наведува "AP".

Тој подарил милион и пол долари во Црвениот крст и фондацијата која ќе им помогне на граѓаните на Северна Каролина, во чиј крајбрежен дел живеат неговите роднини и неколку пријатели.

Во интервју за "AP" Џордан рекол дека загрижено ги гледал вестите минатата седмица кога ураганот беснеел на тој дел од САД и убил 34 лица, уништувал куќи, електрични станици, предизвикал огромни поплави...

Додал дека почувствувал дека мора да помогне на некој начин на оние кои му помогнале него.

"Добро е чувството кога имате начин да помогнете. Јас сум еден од среќниците кои направија неверојатна кариера. Сега се чувствувам уште подобро, бидејќи можам да им помогнам на луѓето и местото кое го познавам многу добро", рекол Џордан, кој инаку играл кошарка на колеџ во Северна Каролина.

Планира, и кога ќе биде безбедно и проодно, да го посети крајот во кој пораснал.

Покрај паричната донација, повеќе стотина членови на организацијата "Hornets" ќе поделат пакети со храна на граѓаните кои се директно погодени од ураганот.

Дизајнирани биле и посебни маици кои ќе се продаваат за 25 долари, а приходот ќе оди за помош на најзагрозените жители.



Спонзорирани линкови

Маркетинг