"Јас сум Супермен, мене нема да ме совлада ајкула": Ги кажал овие зборови, влегол во морето, во следниот момент бил мртов

Точка

19/09/2018

14:33

5.070

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува "Boston Herald", несреќното момче дошло пред четири години од Бразил во САД, каде завршило факултет и планирало да се ожени. Во петокот од Ревир во Масачусетс, каде живеел, тргнал да сурфа во водите на полуостровот во близина.

Мариза Медичи го проколнувала својот 26-годишен внук да не сурфа во водите на 'Ртот Код каде има безброј ајкули, но тој на тоа само се насмеал и рекол:


"Тето, нема да ме нападнат. Јас сум Супермен".

Артур Медичи се излажал. Ајкула го зграбила за нога и го убила.

Како што пренесува "Boston Herald", несреќното момче дошло пред четири години од Бразил во САД, каде завршило факултет и планирало да се ожени. Во петокот од Ревир во Масачусетс, каде живеел, тргнал да сурфа во водите на полуостровот во близина.

Неговата тетка вели дека изнајмил соба во хотел, а следното утро отишол на плажа, направил неколку снимки и влегол во водата.

Со него бил и Ајзак, брат на неговата девојка.

"Беше оддалечен на неколку метри од Артур и виде кога нешто го повлече кон дното. Нешто не беше во ред", рекла Мариза Медичи за "Boston Herald".

Ајкулата го гризнала за листот, а кога водата го исфрлила на површина, Ајзак забележал дека е целиот крвав. Го извлекол на копно, спасувачите се обиделе да го оживеат, но изгубил премногу крв и починал.

Американските медиуми пренесуваат дека станува збор за прв смртоносен напад на ајкула во Масачусетс после 1936. година. Иако немало смртни случаи, 'Ртот Код е озлогласен поради големиот број на ајкули.

Откако фоките се заштитени со закон, нивната популација енормно расте. Тие привлекуваат ајкули. Пред четири години, научниците на тој дел од морето изброиле 80 бели ајкули, а во 2016. година веќе биле 150.




Спонзорирани линкови

Маркетинг