Лекар од Калифорнија, кој неколку години учествувал во Реално шоу за навиките на американскиот маж во он-лајн врските, и неговата девојка, се обвинети за дрогирање и силување на две млади жени, а обвинителите се сомневаат дека 38-годишниот Грант Робишо и 31-годишната Сериса Рајли имале стотина други жртви.
Полицијата верува дека хирургот ортопед и неговата партнерка го користеле "добриот изглед и шармот" за да ги намамат жртвите.
Обвинети се дека на жените им приоѓале во ресторани или барови, ги дрогирале со кокаин, екстази и "GHB", попозната и како "дрога за силување", а потоа жртвите ги носеле во станот на Робишо, каде ги силувале.
Во телефонот на Робишо, кој неколку години учествувал во реалното шоу за навиките на мажите на сајтови за запознавање - "Online Dating Rituals of the American Male", пронајдени биле повеќе од илјада снимки од сексуално напастување.
Хирургот и неговата партнерка се обвинети и за поседување на оружје и дрога.
На Робишо и Рајли им се заканува казна од 30 до 40 години затвор.
Нивните адвокати рекле дека "парот ги отфрла обвиненијата и сака случаите да се расветлат".