Ахмети: Албанците се неиздвоен дел од процесот за европска Македонија

Макфакс

19/09/2018

12:59

1.879

Големина на фонт

а а а

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во текот на вчерашниот ден беше присутна во oпштина Арачиново, каде, како што велат од партијата, на жителите на селата што припаѓаат во ова општина им била објаснета важноста од гласањето на 30 септември.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, истакна дека Албанците се луѓе со добра волја, го сакаат животот, иднината, ја сакаат слободата.

„Не се сомневам на определбата, ниту на силната волја на Албанците дека на 30 септември ќе ѝ кажат да на Европа, да на НАТО, да на иднината. Албанците беа неиздвоен дел од процесот, ние бевме дел од решението на овој процес, дел од решението на овој спор. Ви гарантирам како ваш брат, дека со зачленувањето на ова земја во НАТО и Европската Унија завршува сонот на Истокот за да владеат со Албанците во овие простории. Излезете и гласајте ‘за’ Македонија на 30 септември затоа што се одлучува нашата иднина, иднината на ова земја“, рече Ахмети.

Во текот на денешниот ден е предвидена средба со граѓаните во општина Студеничани и општина Шуто Оризари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг