За Гошева, одлуката за референдум е неуставна, предлага Уставниот суд да поведе постапка

Макфакс

19/09/2018

11:51

1.947

Големина на фонт

а а а

За Елена Гошева, одлуката за референдум е неуставна, предлага да стопираат сите активности и Уставниот суд да поведе постапка.

Таа е судија известител за иницијативата за оценувње на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот, поднесена од Левица и Светскиот македонски конгрес.

Според Гошева, одлуката не содржи 4 од 7 елементи за референдум, а прашањето е двосмислено и збунувачко.

„Од анализите ценам дека има посебни правни недостатоци што е спротивно на Уставот. Во одлуката не е наведен целиот назив на спогодбата со Грција, прашањето не е прецизно, збунувачко е, погрешно и нејасно. Треба да се посебни три прашања, не се содржани сите елементи, договорот е неуставен, а министерството нема мандат да склучува вакви договори“, образложи Гошева.



Спонзорирани линкови

Маркетинг