Клоп имал посебна тактика за ПСЖ: Го променивме планот, ја искористивме слабоста на Нејмар!

Дерби

19/09/2018

11:30

1.674

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп на големо се радуваше за погодокот кој го постигна Роберто Фирмино во 93-та минута од натпреварот, мајсторија која му овозможи на Ливерпул да стигне до голема и драматична победа против ПСЖ.

Домаќините имаа водство од 2:0 и покажаа карактер со постигнувањето на трет гол откако гостите израмнија, а покрај случувањата на теренот, доста интересно беше и на прес-конференцијата на која Клоп откри дека имал една навистина посебна тактика за ПСЖ.

Менаџерот на Ливерпул има навистина само пофални зборови за Нејмар, но сепак вели дека неговата тактика изминатава вечер била сведена да се напаѓа неговата страна бидејќи негова голема слабост е играта во одбрана.

– Беше навистина многу важно да го започнеме мечот онака како што го започнавме. Тие се многу силни и добри со топката во нозе, затоа го променивме системот и тактиката. Ги очекувавме Нејмар на левата крилна позиција и Ди Марија во средината. Имавме јасен фокус и тоа го завршивме фантаситчно. Одлично го покривавме теренот, а кога ја имавме топката, напаѓавме преку десната страна, онаму каде што е Нејмар. Тој е играч од светска класа, но многу лош дефанзивец. Ја искористивме таа негова слабост, – посочи Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг