Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ в недела во Охрид

Макфакс

19/09/2018

11:05

1.207

Големина на фонт

а а а

По повод акцијата „Лето за Македонија“, Силвана Ангелевска, член на Извршниот комитет оствари средба со граѓаните на општина Струга.

Ангелевска потенцираше дека на средбата со граѓаните разговарале за, како што рече, штетните политики кои ги спроведува ненародната власта на Зоран Заев, со посебен акцент на штетниот договор потпишан од СДСМ со јужниот сосед, Република Грција.

„Посетивме семејство кое што е потомок на Браќата Миладиновци, човек кој што е малтретиран, затворан за Република Македонија, за она кое што ние денес го имаме, независна и самостојна Република Македонија. Затоа луѓето беа посебно емотивни за она што денеска сед прави моментално со нашата држава, вели Ангелевска“, рече таа.

Ангелевска смета дека овој договор е штетен бидејќи со него се губи идентитетот и историјата, односно како што рече таа во членот 8 од самиот договор била предвидена Комисија која ќе ги анализира историските настани на Република Македонија и Република Грција, додавајќи дека и покрај тоа што има уште неколку дена до референдумот Комисијата веќе била формирана.

Ангелевска истакна дека граѓаните се разочарани од владата на СДСМ, од колапсот во економијата, во здравството, образованието, а на сметка на ова корупцијата и скандалозните афери на доделување на криминални тендер од милионски суми цветаат.

На крај Ангелевска го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека е против, како што рече, капитулантскиот договор и порача дека секој граѓанин треба да се води од сопствените чувства и на 30 септември да се однесува она како што налагаат нивните чувства.

Таа упати јавен повик до сите граѓани в недела во 13 часот во Охрид да излезат на протесниот марш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг