Меј пред самитот во Салцбург: Блиску сме до договор со ЕУ за брегзит

Макфакс

19/09/2018

11:00

622

Големина на фонт

а а а

Велика Британија и Европската Унија се блиску до договор за брегзит, напиша британската премиерка, Тереза Меј, во авторски текст во германскиот весник „Велт” и ја повика Европската комисија да ја подобри својата позиција за да постигне договор пред почетокот на неформалниот самит на ЕУ во австрискиот град Салцбург.

Ројтерс објави дека Меј кажала дека е неопходно двете страни да покажат добра волја за да го избегнат британското нерегулирано заминување од европскиот блок во март следната година, во врска со што постои стравување дека тоа би можело да предизвика големи економски проблеми.

Денеска во Салцбург почнува дводневниот состанок на водачите на ЕУ, на кој ќе се одржат разговори за кои британскиот премиер, Доминик Раб, рече дека ќе бидат „важна пресвртница”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг