Доста беше од Европа: Негредо заминува на печалба во Ал-Наср

Дерби

19/09/2018

10:29

849

Големина на фонт

а а а

Повремениот шпански репрезентативец и поранешен член на Севиља и Манчестер Сити, Алваро Негредо, одлучи да го раскине договорот со истанбулски Бешикташ и да сврти нова страница во својата кариера.

Негредо беше една од најсилните алки во нападот на црвено-црните од Истанбул во турската Суперлига и квалификациите и за Лига Европа, но шпекулациите дека сака да проба нешто ново не стивнуваа. Иако беше најавувано дека интерес покажал Монако, сепак крајната дестинација за 33-годишниот напаѓач ќе бидат Обединетите Арапски Емирати, односно Дубаи, каде ќе го облече дресот на Ал-Наср.

Се работи за тим кој има големи апетити за оваа сезона, со оглед на тоа што претходно потпишаа и со францускиот играч за врска Јоан Кабаје, кој настапуваше за Лил, Њукасл, ПСЖ и Кристал Палас, а исто така ова лето доведоа и тројца бразилски интернационалци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг