Барселона имаше посакуван почеток на Лигата на шампионите, односно пред своите гледачи дојде до убедлив триумф над составот на ПСВ од 4-0.
Одново во прв план беше Лионел Меси кој го „испука“ својот осми хет-трик во елитното натпреварување, а во листата на стрелците се запиша и Усман Дембеле со еден фантастичен погодок.
Нормално Меси за својот настап доби големи пофалби од сите страни, но голманот Марк Андре Тер Штеген во својата анализа за натпреварот потенцираше една работа која сите ја забораваат-тоа е учинокот на останатите играчи на теренот.
- Тој секогаш се појавува. Нема играч кој се појавува како него. Тој е секогаш достапен и секогаш ги одлучува работите, ама има уште 10 други играчи кои исто така придонесоа за оваа победа. Не беше лесно. Во првото полувреме беше тешко против нивните контра напади, но во вториот дел се стабилизиравме одбранбено и потоа успеавме да победиме, - рече германскиот голман.