Игокеа со сериозни намери, доведе искусен бек од НБА

Дерби

19/09/2018

10:26

784

Големина на фонт

а а а

Единствениот босански претставник во јадранската АБА лига, Игокеа, во своите редови го донесе поранешната „двојка“ на неколку тимови во најсилната северноамериканска лига.

За тимот од Александровац синоќа потпиша 29-годишниот Орландо Џонсон, кој како 36. пик беше драфтуван во 2012. од Сакраменто Кингс, а на паркетите во НБА највеќе настапувал за Индијана Пејсерс (101 натпревар), а беше дел и од Сакраменто во 2014. (7 натпревари), Феникс Санс (2 натпревари) и Њу Орлеанс Пеликанс (5 натпревари) во 2016.

Џонсон има настапи и во развојната НБА лига за Форт Вејн и Остин Тексас, а надвор од САД настапувал неколкупати и тоа во Шпанија (Лаборал), Филипини (Барангај), Кина (Гуангжи), Русија (Уникс Казан) и Либан (Ал Ријад), па Босна и Херцеговина ќе биде негово шесто меѓународно искуство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг