Шојгу: Русија соодветно ќе одговори за соборениот воен авион

Макфакс

19/09/2018

10:22

2.589

Големина на фонт

а а а

Рускиот авион Ил-2, кој беше соборен во Сирија, вршел извидувачки задачи во зоната на деескалација во Идлиб, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

„Во зоната на напад, да бидам попрецизен, меѓу авијацијата на Израел (четири авиони Ф-16) и територијата на Сирија, беше нашиот извидувачки авион Ил-20 со 15 членови на екипажот, кој вршеше задачи на извидување во зоната на деескалација во Идлиб“, објасни Шојгу на колегиумот на Министерството за одбрана.

Тој додаде дека по инцидентот со авионот Ил-20 во Сирија, го информирал израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, дека Русија нема да остане без одговор на акцијата на израелските воздухопловни сили, поради која загинале 15 руски војници.

„Денес ги известивме израелските колеги, конкретно, јас го информирав израелскиот министер за одбрана, дека нема да допуштиме такви активности и чекори да минат без одговор“, информираше Шојгу на одборот.

Израелските ловци Ф-16 вршеле напади врз Сирија користејќи го рускиот авион како закрила, со идеја дека сириските противвоздушни сили нема да дејствуваат во тој правец.

Шојгу воедно истакна дека рускиот Ил-20 бил соборен како резултат на возвратните дејства на сирискиот систем за воздушна одбрана врз израелскиот воздушен напад.



Спонзорирани линкови

Маркетинг