Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска ќе допатува во Северна Каролина, сојузна држава која претрпе огромни штети при налетеот на ураганот Флоренс.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сендерс, потврди дека Трамп планира да замине за Северна Каролина, објави агенцијата АП.
Во деновите по првичниот удар на силниот ураган, Северна Каролина се бори со поплави, а граѓаните на Вилмингтон стојат во редови за бесплатна храна, вода и ќебиња.
Во налетотот на ураганот загинаа најмалку 34 лица во три сојузни држави, односно Северна и Јужна Каролина и Вирџинија.
Ураганот Флоренс, кој достигна четврта категорија, моментно е само дожд и ветровита маса со низок воздушен притисок, но забрзува на патот кон густо населениот североисток.