Составот на Ливерпул излезе како победник од дербито со Пари Сен Жермен, а Црвена Звезда му одолеа на Наполи и го освои првиот бод во Лигата на шампионите. Ова се резултатите или поточно епилогот од најинтересните вечерни мечеви во елитното друштво во кое беше комплетирана рунда во групите А, Ц и Д со тоа што претходно беа одиграни средбите во друштвото Б.
Ливерпул во супер интересен меч славеше над ПСЖ со 3-2 со погодокот на Фирмино во 92 минута. Четата на Клоп беше подобра и поквалитетна, но не успеа да му го зададе конечниот удар на францускиот шампион кој лесно можеше да си замине со незаслужен бод од „Енфилд Роуд“.
Стариџ и Милнер од 30 до 36 стрелаа за домаќините, а пак Мение во 40 намали на 2-1. Потоа „црвените“ создадоа неколку добри прилики за „нокаут“ на ривалот, ама истите не ги искористија по што дојде казната преку Мбапе во 83 минута.
Сепак Ливерпул дојде до последниот збори преку Фирмино во завршницата се избори за победа.
Во истата Ц група Звезда иако важеше да аутсајдер успеа да дојде до бод во мечот со Наполи. Калчолигашот не најде решение за „црвено-белите“, па клубот од Белград дојде до големо реми.
Останати резултати:
Група А: Монако-Атлетико М 1-2 Бриж-Дортмунд 0-1
Група Д: Галатасарај-Локомотив М 3-0, Шалке-Порто 1-1