Про-руски борец намерно си пукаше во стомак за да го тестира новиот панцир, додека сето тоа го снимаа неговите пријатели. Инцидентот се случил во украинскиот град Донбас.
Откако се застрела, тој падна на колена и со левата рака се држеше за стомакот. Неговиот пријател кој што сето тоа го снимаше, на шега рече „Изгледа како да умира“, очигледно мислејќи дека се шегува. Но, набрзо сфати дека не станува збор за шега: „Дали си навистина ранет?“, запраша панично.
Ранетиот про-руски милитант не одговори ништо, туку само го извади панцирот и легна на земја. Според некои информации, подоцна тој починал, но засега нема официјална потврда. Како што пренесуваат руските медиуми, тој успеал да се застрела во стомакот, пукајќи во делоот кој што не бил заштитен од панцирот.
„Куршумот е испукан од непосредна близина. Дури и куршумот да не го пробиел панцирот, неговата кинетичка енергија лесно би можела да ги оштети неговите внатрешни органи“, изјави воениот експерт Михаил Брацков за руските медиуми.