Добила "Еми" награда, зборувала за женскиот бог па сочно опцула

Точка

18/09/2018

18:56

4.383

Големина на фонт

а а а

Тeнди Њутон, ѕвездата на ТВ серијата "Westworld", вчеравечер освои Еми за најдобра споредна женска улога во серијата, благодарение на ликот на роботот Маеве Милеј.

Убавата актерка се качила на сцената за да ја прими наградата и да се заблагодари, но во текот на говорот ѝ излетала пцовка. 

"Не верувам во Бога, но ќе ѝ се заблагодарам вечерва. Многу сум благословена, толку сум е*ено благословена што работам со луѓето со кои што работам", воодушевено изјавила Тенди која и самата се изненадила од пцовката што брзо си ги прекрила усните со рака.

Нејзината објава брзо станала вирален хит кој сигурно нема да го заборави уште некое време.

Инаку, актерката за истата награда била номинирана и минатата година, но наградата "Eми" ја добила Ен Доуд која се појавува во улога на тетката Лидија во серијата "Handmaid's Tale".



Спонзорирани линкови

Маркетинг