Перез со овој потег покажа дека нема место за Модриќ во Реал

Дерби

18/09/2018

17:54

1.614

Големина на фонт

а а а

Пред неколку недели, највисокото фудбалско тело во Европа му ја додели најпрестижната награда на Лука Модриќ кој беше дел од феноменалниот успех на Реал Мадрид со третата последователна титула во Лигата на шампионите, а повеќе од јасно е дека ја доби трката со Кристијано Роналдо и Мохамед Салах поради тоа што идентични изданија прикажа и на мундијалот во Русија каде ја предводеше својата Хрватска до големото финале.

Неверојатниот Хрват претходно беше прогласен и за најдобар играч за врска во Лигата на шампионите.

Меѓутоа, во редовите на ,,кралскиот клуб” очигледно имаат друго мислење за Хрватот, особено претседателот на клубот Флорентино Перез. Откако Модриќ почна неофицијални преговори со Интер, целата успешна приказна која ја градеше во Реал, падна во вода.

Доказ за тоа е и последната фотографија на Перез со квартетот капитени за сезоната 2018/19. Во составот на капитени влегоа Бензема, Рамос, Марсело и Варан (кој влезе на местото на Роналдо). Да нема место за еден од најзаслужните во ,,кралскиот клуб”, кој беше носител на играта на Реал, дефинитивно кажува дека времето на Модриќ во овој клуб заврши.



Спонзорирани линкови

Маркетинг