Азар го пронајде својот идеален партнер во Челси: Уживање е да се игра со него

Дерби

18/09/2018

21:03

2.348

Големина на фонт

а а а

Еден Азар имаше маестрална партија изминатиов викенд на дуелот против Кардиф, натпревар на кој брзоногиот белгиски фудбалер самостојно го откажа тимот со Велс со постигнатите три гола.

Големата ѕвезда на „лондонските сини“ игра неверојатно добро на стартот на новата натпреварувачка сезона, а дефинитивно, своите најдобри и најкомплетни перформанси ги прикажа пред три дена кога негов партнер во нападот беше Оливие Жиру.

Мора да се напомене дека Белгиецот и Французинот фантастично се надополнуваат во нападот поради тоа што се исклучително различни фудбалери, а Азар смета дека во Жиру го пронашол својот идеален партнер во Челси.

– Жиру е тип на играч кој комплетно одговара за мојот стил на игра. Тој може да игра како пивот напаѓач, тој е најдобар во светот во тој поглед. Ова е мое мислење, но мислам дека е реално. Секогаш може да се потпрете на него, може да му ја дадете топката, а тој ќе ја задржи се додека ние не дојдеме во негова близина. Ни дозволува да комбинираме, вистинско уживање е да се игра со него, – вели Азар во интервјуто за „Би-Би-Си“ во кое не го заборава ниту Мората.

– Тука е и Алваро, тој е комплетно друг тип на напаѓач. Тие двајца се многу различни, и двајцата си имаат одлични квалитети. Среќен сум што имам крај себе толку добри напаѓачи, – додава Белгиецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг