Рамос со жестока порака: Игнорирањето не е доблест, Гризман треба да добие лекција од Симеоне!

Дерби

18/09/2018

20:01

2.319

Големина на фонт

а а а

Серхио Рамос ја искористи денешната прес-конференција во пресрет на дуелот со Рома за да искаже какви амбиции има Реал Мадрид во новата натпреварувачка сезона во Лигата на шампионите, но исто така и за да испрати една жестока порака до Антоан Гризман.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид се најде во центарот на вниманието во изминативе 24 часа бидејќи самостојно изјави дека во овој момент е на нивот на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, заклучувајќи дека заслужува да ја освои „Златната топка“ која ја доделува Франс Фудбал. Диего Форлан не се сложи со Французинот на оваа тема, а сега жестока порака испрати и Рамос кој по големата пресметка во европскиот Суперкуп беше невкусно испровоциран од напаѓачот на Атлетико.

– Игнорирањето не е доблест, тоа е покажување смелост. Кога го слушам ова дете со своите поплаки, одма ми текнува на големи имиња како Тоти, Буфон, Раул, Икер, Иниеста. Овие играчи освоија се во своите кариери и не добија „Златна топка“. Треба да добие совет и лекција од Симеоне, Коке или Години, луѓе кои можат да го научат за вредностите. И покрај ова, секогаш велам дека тој е голем играч и му посакувам се најдобро, – истакна Рамос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг