Убиство на приватноста на корисниците: Google ќе ги поврзува пребарувањата со телефонскиот број

Точка

18/09/2018

19:10

2.290

Големина на фонт

а а а

Од Google одлучиле да заборават на принципите на приватноста и да ги поврзат броевите на корисниците со нивните пребарувања на интернет. Овие податоци во секој момент ќе им бидат достапни на државните органи.

Без паника, станува збор за кинескиот пазар! Google веќе со години се обидува да се наметне на кинескиот пазар, но главната причина за досегашниот неуспех беше тоа што Google не им нудеше можност на кинеските власти да го контролираат протокот на информации и да водат евиденција за активностите на корисниците на интернет.

И додека некои компании и натаму се двоумат дали да останат на своите принципи, или да попуштат пред барањата на кинеските власти и да влезат на тамошниот пазар, од Google наводно веќе се одлучиле да сторат се што ќе се побара од нив.


Како што пренесува “The Verge”, Google креира апликација која што резултатите од Google ќе ги поврзува со мобилните телефони на кинеските корисници. На овој начин компанијата ќе се прилагоди на кинеските закони за цензура и широко ќе им се отвори вратата на кинескиот пазар.

Наводно од Google веќе работат на проект наречен “Dragonfly” – наводно станува збор за апликација која се поврзува на сите Андроид уреди, па идентификацијата на сите потенцијални криминалци ќе биде премногу лесна.


Дури и во случај да не се земе телефонскиот број, проблематичен е самиот факт дека информациите на секој корисник автоматски би завршувале на серверите на кинеските власти, а неофицијално, повеќе вработени во Google дале отказ затоа што не сакале да ја развиваат апликацијата која ќе ги шпионира кинеските граѓани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг