Големи проблеми за Apple: Еден линк е доволен да сруши било кој iPhone или Mac...

Точка

18/09/2018

17:24

2.883

Големина на фонт

а а а

Apple истражува што е толку кобно во HTML кодот за да може да ги сруши сите уреди кои што го користат оперативниот систем iOS.

Девелоперот и експерт за безбедност, Сабри Хадуше објави на “GitHub” и својот профил на социјалната мрежа Твитер дел од кодот кој што доколку се вгради во линк и биде отворен, најпрвин го блокира, а потоа и го рестартира секој уред на Apple.

Кодот ја искористува слабоста на “WebKit” кој што Apple го вградува во сите апликации и интернет прелистувачите кои што функционираат на iOS. Така, секоја апликација која што може да користи HTML код е всушност ранлива.

Со оглед на тоа што станува збор за код кој сам по себе не е штетен, туку ја искористува слабоста на системот, можно е да се вгради во било кој линк на социјалните мрежи или да биде испратен по мејл и да предизвика хаос за корисниците на iOS.

Девелоперите кои што го тестирале кодот, откриле дека влијае на сите верзии на iOS (дури и на iOS 12 beta), но и на уште некои системи. Така и корисниците на Internet Explorer пријавиле проблеми, но и некои корисници на Linux Ubuntu.


Девелоперот Хадуше ги контактирал од Apple, од каде што потврдиле дека инжинерите во компанијата го истражуваат проблемот. Додека не биде исправен овој пропуст, на корисниците на уредите на Apple им се препорачува да внимаваат на кои линкови кликаат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг