Еве зошто Сашо Гигов - Гиш прифатил да учествува во спотот за "Излези ЗА европска Македонија"

Точка

18/09/2018

16:24

22.006

Големина на фонт

а а а

Пред неколку дена излезе видео записот за песната "Излези ЗА европска Македонија", кое претставува поддршка за референдумот.

Видеото веднаш беше дочекано со лавина реакции и коментари од македонската јавност, а за таа цел се огласи и популарниот македонски поет, есеист и естраден уметник Сашо Гигов - Гиш кој ја објасни причината за учеството во спотот. 

"Ми се јави мојот драг пријател, пејачот Арбен - Бени Шаќири и ме праша дали сакам да учествувам во спотот. Ми ја пушти песната. Ми се допадна и прифатив. Како секој нормален човек, иднината на Македонија ја гледам во Европа. Нема никаква политичка заднина, туку во прашање е здравиот разум. Тоа е мојот личен избор и перцепција", изјавил Гиш за "Независен".

Во проектот за поддршка за рефередендумот, освен Гиш, учествуваат и Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Бени Шаќири, Виолета Томовска, Ѓоко Танески, Драган Спасов-Дац, Дани, Викторија Лоба, Бубо Каров, Дарио, Кристина Арнаудова, Александар Митевски и многу други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг