"Politico": "Нека почнат големите Балкански игри": Во Македонија, и Русија и Западот имаат свои цели, но сега се вклучил и трет голем играч

Точка

18/09/2018

18:01

9.266

Големина на фонт

а а а

Се приближува референдумот на кој Македонците треба да гласаат за новото име на државата. Значењето на нашата држава пораснало во последно време, бидејќи во неа се косат интересите во Западот и Истокот.

Како што пишува Бруно Макаеш, португалски политичар и научник, во статија за "Politico", која е дел од серијалот текстови под име "Војни кои доѓаат", Русија не сака успех на референдумот, но таа не е единствена. 

Макаеш во Скопје се состанал со Јанко Бачев, претседател на партијата Единствена Македонија, единствената отворено проруска партија во земјата.

"Бачев се бори против предложените промени на името на земјата. Заедно со другите мали партии, Обединета Македонија ќе го бојкотира референдумот закажан за 30. септември, но Бачев е подготвен да направи многу повеќе. Тој е близок со Александар Дугин, руски филозоф и пропагандист, познат по своите врски со секое реакционарно движење во Европа". Телохранителот на Бачев, седејќи покрај него, вели дека партијата го довела Дугин да одржи говор во Скопје. Русинот бил запрашан како неговите сонародници би реагирале на предлог за промена на името на Русија. "Би убиле", одговорил тој, пишува Макаеш.

Промената на името е важна бидејќи го отвора патот за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, потсетува "Politico".

"Брисел сака да ја претвори Македонија во нормална земја. Русија исто така има интерес во врска со резултатот на референдумот. Што се однесува до нив, да се изгуби Црна Гора - мала балканска нација која се приклучи кон НАТО во 2017. година - може да се смета за несреќа. Да се изгубат и Македонија и Црна Гора и изгледало како невнимание", смета Португалецот.

Руската амбасада - шпионско гнездо

Руската амбасада во Скопје, наведува Макаеш, е "шпионско гнездо", третиот и најмал дел од триаголникот кој ги вклучува Белград и Софија.

"Предводена од митскиот Олег Шербак, школски пријател на Сергеј Лавров, амбасадата се претворила во моќна шпионска машина", пишува во текстот на "Politico".

Нов играч

Дали е оваа игра - нова Голема игра меѓу Русија и Западот? Не баш. На масата има уште еден играч, тврди Макаеш.

Тој во разговор со Љупчо Палевски, уште еден опозиционер, слушнал каква улога има Кина во сето тоа.

"Љупчо Палевски ми кажа дека Македонија е бојно поле меѓу две сили. На една страна е Западот, на друга Кина. "Кина или Русија?", го прашав јас. "Русија е само мускулите. Мозокот е Кина и парите се Кина. Кинезите сакаат да го изградат новиот Пат на свилата меѓу Централна Европа и нејзините пристаништа во Грција. Единствен начин да се сопре изградбата на тој пат е да се создаде конфликт на Балканот. Палевски тврдеше дека Западот создава хаос во неговата земја, поттикнува страст за промена на името на државата - за да го блокира или попречи проектот Еден појас, еден пат. Ако Македонија биде фрлена во хаос, или доведена во НАТО, Кина ќе го изгуби единствениот достапен пат кон Европа, бидејќи патот може да мине само низ три земји, а Албанија и Бугарија се веќе цврсто внатре во НАТО", пишува Макаеш.

Тој рекол дека Палевски се надева дека неговата нова партија ќе соработува со Кина.

Политичарот потоа разговарал со еден неименуван европски разузнавач, кој му рекол дека Македонија можеби нема да има европска иднина.

"Кина, иако внимателна и методична, го зголемува своето економско влијание во Македонија, додека Русија има ограничена цел. Не да ја сопре Македонија да се приклучи на западниот клуб, туку да се увери дека Македонија нема да биде успешна држава откако ќе стане член. Како Скопје се движи кон членство на НАТО и ЕУ, ќе има уште многу можности за Русија да стави уште некој камен под тркалата на Западот", вели Макаеш.




Спонзорирани линкови

Маркетинг