Бредли проговори за конфронтацијата со Ибрахимовиќ: Тој не е првиот, ниту последниот човек…

Дерби

18/09/2018

14:28

1.489

Големина на фонт

а а а

Минатиот викенд во МЛС лигата се одигра пресметката меѓу Торонто и Лос Анџелес Галакси која заврши со победа на домаќините од 5-3, но триумфот остана во втор план поради Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ на овој дуел постигна фантастичен кунг-фу погодок но освен голот ветеранот имаше и една конфронтација со противничкиот капитен Мајкл Бредли која доби на значење во медиуми.

Причината за тоа беше изјавата на Ибра кој во свој стил порача:

- Тој мисли дека е филозоф на фудбалот, постојано нешто зборува. Јас имам повеќе постигнато голови, отколку тој што има одиграно натпревари. Тој треба да ги следи моите правила на теренот, – порача Швеѓанецот.

Сега за оваа ситуација и коментар се огласи Бредли кој пак смирено и со ладна глава не му даде воопшто значање на дуелот.

- Мислав дека имаме добра фудбалска конверзација, навистина така мислев. По се изгледа тој така не мислеше.Тоа е во ред, тој не е првиот, ниту последниот човек кој не ме сака, па веќе тоа го надминав. На крајот, немаше ништо специјално, -завршил Американецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг