Од фабрика за нуклеарно оружје, до оаза: Ова место некогаш било најопасно на светот, а погледнете го сега

Точка

18/09/2018

14:16

2.599

Големина на фонт

а а а

Без многу помпа, Американската служба за заштита на дивите животни ги отворила капиите на Националниот резерват за заштита на животната средина "Роки Флетс" на место каде владините фабрики произведувале плутониум за нуклеарни бомби скоро четири децении.

Погледнете како денес изгледа оваа локација, која некогаш важела за едно од најопасните места во светот. 

Посетителите можат да се восхитуваат на зелените ливади со богата флора и фауна.

Распространет на ветровито плато со површина од 16 километри северозападно од центарот на Денвер, ова место е ретка оаза во преријата, со мечки, лосови, соколи , птици пејачи и стотици други видови.

Оазата нуди прекрасен поглед на Карпестите планини и градот Денвер.

Многу луѓе веќе долго време шетаат или возат велосипед по ова плато. Тие не се грижат многу за својата безбедност.

Сепак, бројни активисти за заштита на животната околина сметаат дека таа локација не е безбедна.

Тие сметаат дека властите треба да ја чуваат оваа локација затворена бидејќи веруваат дека во неа и натаму постои опасност од радиоактивните елементи како плутониум.




Спонзорирани линкови

Маркетинг