Сара на поранешното момче му пратила фотографија од секс, а потоа тој земал кујнски нож

Точка

18/09/2018

22:04

11.725

Големина на фонт

а а а

29-годишната Сара Брамли, признала дека го поттикнала своето поранешно момче на насилство, кое извршило убиство, така што му пратила фотографија од сексот со новиот љубовник.

Судот во Англија ја смета Брамли за виновна за "поттикнување или помагање во извршување на тоа кривично дело". 

Имено, таа, во филмски манир, на своето поранешно момче Дејвид Сандерс му пратила фотографија од секс со новото момче, Мајкл Лавсон.

Многу кратко откако ја добил фотографијата, Сандерс ја изгубил контролата и од љубомора со кујнски нож го забодел Лавсон во срце, инаку татко на едно дете. Лавсон умрел од еден убод, а Сандерс поради убиството доби доживотна казна затвор, со минимално траење од 22 и пол години.

По сексот со Лавсон и откако му ја пратила фотографијата на Сандерс, Брамли, наводно го нападнала Лавсон физички и му наредила да ја напушти куќата.

"Само што го удрив момчето, бидејќи не сакаше да си оди дома. Во што се вплеткав?", му напишала Сара во пораката на Сандерс и му кажала дека Лавсон е надвор од куќата и слободно може да го "претепа".

Сандерс го признал убиството и се обидел да го намали траењето на казната тврдејќи дека не понел со себе нож и дека немал намера да го убие Лавсон. На Брамли и била одобрена кауција, а и се закануваат шест месеци затвор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг