На конференцијата за миграцијата во Виена минатиот петок имало жесток конфликт помеѓу италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини и шефот на луксембуршката дипломатија Жан Аселборн.
Конфликтот бил толку сериозен, така што двајцата министри разменувале навреди во текот на целиот состанок и во следните неколку денови.
За целиот инцидент веројатно никој немаше да дознае доколку самиот италијански министер на својот профил на Фејсбук не го објавеше видеото од состанокот кој требало да остане далеку од очите на јавноста. На видеото може да се види жестоката реакција на луксембуршкиот министер откако Салвини ги спомена „робовите од Африка“ и Луксембург во една иста реченица.
Luxembourg’s Jean Asselborn has a hissy fit while Salvini drops truth bombs about mass migration. pic.twitter.com/y8SYDtlnSQ
— Paul Joseph Watson (@PrisonPlanet) September 17, 2018
„Можеби во Луксембург постојат такви потреби, но ние во Италија пред се сакаме да им помогнеме на нашите деца да имаат свои деца. Ние не сакаме робови кои што ќе ги заменат децата кои што ги немаме“, порача Салвини, по што видно го изнервира Аселборн.
Додека италијанскиот министер се обидуваше да продолжи да збороува, шефот на дипломатијата на Луксембург ги извади слушалките и лично му се обрати.
„Во Луксембург имаме илјадници Италијанци. Доаѓаат како мигранти и работат за вие во Италија да имате пари за своите деца. Не се*и!“, порача Аселборн и додаде дека Салвини ги користи „фашистичките методи од триесетите години од минатиот век“.
Не требаше да помине долго за да следува нова реакција од Рим.
„Социјалистичкиот министер од даночниот рај ме нарече фашист откако ги спореди нашите баби и дедовци со денешните илегални мигранти. Дури и го прекина моето зборување. Ако толку ги сака мигрантите, нека ги земе. Ние веќе имаме и премногу“, порача Салвини.