Заслужени пофалби за новиот паметен часовник на Apple: Ова е револуција!

Точка

17/09/2018

17:08

3.379

Големина на фонт

а а а

Најистакнатите аналитичари ја пофалија четвртата генерација на паметниот часовник на Apple, посебно опциите за фитнес, следењето на работата на срцето и општо здравствената состојба на корисникот.

Откако долго време се зборуваше дека Apple Watch 4 ќе го промени пазарот на паметни часовници, може да се каже дека гласините се покажаа како вистинити, па аналитичарите имаат само пофални зборови за новиот адут на американската компанија.

Новинарите на ZDnet велат дека благодарение на четвртата генерација на паметен часовник, од Apple конечно излегле од сенката на Стив Џобс затоа што ова е фантастичен уред развиен после неговата смрт.


Исто така, аналитичарот Грегори Понс за „четворката“ изјави: „Apple Watch Series 4 е веројатно револуција затоа што не е наменет само за „гиковите“, туку и за постарите луѓе кои што се грижат за своето здравје“.

Благодарение на овој часовник, корисниците сега ќе можат да прават ЕКГ во рок од 30 секунди, да ја следат работата на срцето, а часовникот ќе ги предупредува корисниците за потенцијални проблеми и ќе може да детектира пад – по што ќе се активира копчето за „СОС“ повик. Поради ова, многумина го сметаат овој часовник и за медицински уред, па Apple Watch 4 не само што ќе им биде главен конкурент на останатите технолошки компании кои што развиваат паметни часовници, туку и на легендарната швајцарска индустрија на часовници.

Паметните часовници веќе започнаа да влијаат и на продажбата на „Швајцарците“, па продажбата на часовници до цена од 500 евра во последните години е во пад, при што паметните часовници се главната причина за тоа. Новиот паметен часовник на Apple веројатно уште повеќе ќе влијае на овој „проблем“, а со тоа се согласува и аналитичарот на “BNP Paribas”, Лука Солца.

Според него, швајцарските часовници од ист ценовен ранг повеќе не може да му конкурираат на Apple, а прашање е дали компанијата на Тим Кук ќе може да ги загрози и брендовите како што се Zenith, Hublot и Tag Heuer кои што ценовно се во категорија над рангот на Apple Watch.



Спонзорирани линкови

Маркетинг