Синот на Викторија Бекам објави провокативна фотографија па поттикна расправија помеѓу фановите

Точка

17/09/2018

17:16

8.835

Големина на фонт

а а а

Познато е дека младиот Бруклин Бекам има талент за фотографирање, па така објави и фотографија од својата славна мајка, но веројатно не очекуваше дека ќе предизвика расправија помеѓу фановите.

Имено, на фотографијата, Викторија пие кафе после модната ревија, а со оглед на тоа дека градите и стомакот ги сокрила со крпа, на прв поглед изгледа дека таа е топлес. Меѓутоа некои фанови тврдат дека Викторија на себе има маица. 

Работата е во тоа што на фотографијата се гледа линија околу нејзината рака за која некои сметаат дека тоа е отисок од фустанот кој го носела на ревијата, додека другите сметаат дека станува збор за маица на која се познава работ.

"Браво мама, ти честитам на уште една одлична ревија", напиша младиот Бруклин, а под фотографијата се разви расправија.

"Ова е она што луѓето го нарекуваат инцест", "Ја фотографираш твојата мајка во топлес", "Ѝ се гледа отисокот од фустанот кој само што го соблече", "Фотографијата е супер, но дали само мене ми е чудно што објави фотографија од својата мајка во топлес", беа дел од коментарите.

Други веднаш започнале да го бранат Бруклин и тврдат дека Викторија на себе има маица, а наводниот отисок е раб на маицата.

"Не е во толес, едноставно носи маица во беж боја", "Не мора да биде топлес, се покри со крпата за да не се полие со кафе и остави дамки", "Очигледно е дека носи маица, се разликува во нијансите на бојата на кожата", пишуваа други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг