Мал, тркалезен архипелаг на вулкански острови сместен во јужниот дел на Егејското море околу 200 км југоисточно од копното на Грција. Исто така е познато под името Тера.
Санторини е остров кој нема да ве остави рамнодушни, особено ако сте уметник, затоа што е буквално како насликан. Низ островот ќе ве прошета нашата позната естрадна ѕвезда Викторија Лоба.
Лоба: Санторини воопшто не е далеку, само еден час лет од Солун што е според мене најдобриот избор на транспорт за да стигнеш на островот од Македонија. Повратната карта чини од 100 до максимум 200 евра за економска класа.
[Имеровигли]
Лоба: Дефинитивно зајдисонцето е најмагичниот и најромантичниот момент. Додека набљудуваме како сонцето потонува во морската шир се чини и времето застанува, до толку е нереално убаво. Атмосферата дополнително ја разубавуваат добрите ресторани кои имаат што да им понудат на туристите.
Лоба: Санторини е уникатен остров, тој е неверојатно убав, а неговата заштитна боја е секако белата. Привлекува со своите мали тесни улички, бели куќички со сини прозорци и азурно сина нијанса на морето. Хотелите се исто така уникатни и доста луксузни, нудат прекрасен поглед од тераса и повеќето имаат сопствен мини базен.
Лоба: Овој остров има облик на полумесечина и припаѓа на групацијата Киклада во јужниот дел на Егејско море. Споменатиот облик се должи на силната вулканска ерупција поради која голем дел од западниот дел од островот исчезнал во морските длабочини. Од таа страна се наоѓа и неговиот главен град Фира.
На Санторини нема да сретнете долги песочни плажи со бел песок. На островот има само една песочна црна плажа Влихада, сите останати се со по крупни камења. Но, тоа не е причина помалку да го сакам затоа што има идеална клима за мене, никогаш не е премногу жешко. Температурата преку ден се движи претежно до 28 степени и е доста ветровито.
[Фира]
Лоба: Островот живее од туристи и хотелиерство, исто така има многу одлични ресторани и винарии кои се трудат да понудат максимум од тоа што гостите го бараат.
Повеќето луксузни хотели се наоѓаат во селцето Оија, сместено на северозападната линија на вулканскиот кратер. Можете да најдете многу скапи како и хотели со достапни цени по околу 100 евра ноќевање за двајца. Мојот омилен хотел е бутик хотел La Maltese Estate Santorini кој се наоѓа во селцето Имеровигли и во негов склоп е и познатиот ресторан Buddha Bar кој нуди неверојатно добра услуга и одлична музика. На островот препорачувам да се рента автомобил затоа што нема добро развиен јавен транспорт.
[Фира]
Лоба: Немам лошо искуство со услугата на Санторини во однос на хотели и ресторани, единствениот проблем е со неуредниот аеродром каде има гужва поради бројните летови и скоро секој лет доцни на еден час.
Лоба: Искрено мене цело време ми беше интересно, на посебна случка неможам да се сетам, но бидејќи бев во друштво на пријатели кои продуцираат музика и се вистински креативци секој момент ни беше исполнет со позитивни емоции.
Лоба: Подеднакво е магично :)
Лоба: Има неколку локали во Фира кои нудат добар ноќен живот, но верувајте ми кога ќе пристигнете на овој остров се што ќе сакате е да го уживате мирот и несекојдневната енергија која тој ја нуди.
[Оија]
Лоба: Најчестите туристи се Англичани, Американци и Руси.