Феминистките огорчени: Apple заборавил на една работа кај новиот iPhone?

Точка

16/09/2018

15:49

6.546

Големина на фонт

а а а

Apple пред неколку дена ги претстави новите модели на iPhone, пофалувајќи се со подобра камера, поголем екран и подобар звук, но се чини дека тие заборавиле на една работа.

Имено, со тоа што iPhone XS има многу поголем екран од постарите модели, тој е малку потежок за држење во рака што им смета на некои критичари. 


"Јас добив синдром на пренапрегнатост од користење на iPhone 6 и тоа го решив откако почнав да користам iPhone SE. Тоа не им се случува често на жените, но факт е дека тие купуваат iPhone повеќе отколку мажите. Ме запрепастува тоа што Apple не го зема предвид женското тело во процесот на дизајнирање", раскажала новинарката и феминистка Каролин Криадо Перез, додавајќи дека жените би требало да бидат бесни бидејќи плаќаат ист износ како и мажите за производ кој не им одговара подеднакво добро.

За величината на iPhone се огласила и Софи Вокер, претседателка на Женската партија за рамноправност помеѓу половите, која смета дека мажите на високи позиции во Apple не ги земаат предвид жените при изработката и дизајнот на новите модели на телефони.

Apple се уште не се огласил дали ќе ги замени старите SE модели со нови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг